Тројцата повредени од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад остануваат во критична состојба
Тројцата повредени од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад остануваат во критична состојба

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, за РТС соопшти дека досега се сослушани 26 лица во врска со уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, додека се очекува да бидат сослушани уште пет лица. Дачиќ објасни дека истрагата за кривичната одговорност сега е во рацете на Обвинителството. Полицијата ги примила изјавите на функционери од Министерството за градежништво и инфраструктура, меѓу кои и министерот и други високи функционери, вклучително и менаџерите на фирмите за градежништво и надзор.
„Директорот и изведувачот, одговорното лице, главен инженер за извршување на работите, одговорен за шифра на подизведувач, одговорен во надзорен орган, проектант, директор на институт за сообраќај ЦИП… Одржани се вкупно 26 разговори“, рече Ивица Дачиќ, министер за внатрешни работи на Србија.
Дачиќ најави дека при спасувачките акции, спасувачите констатирале дека бетонот кој заробил еден од повредените е тежок околу 26 тони. Тој зборуваше и за состојбата на тројцата преживеани во оваа несреќа.
„Од 17 лица во оваа несреќа преживеале само тројца, додека повредените се во тешка состојба. На едно момче и една девојка им е извршена ампутација на ногата, додека на друга девојка која беше пронајдена под урнатините и е ампутирана раката“, додаде Ивица Дачиќ, министер за внатрешни работи на Србија.
Српските медиуми при анализа споменуваат дека еден од двајцата архитекти на железничката станица во Нови Сад, Имре Фаркаш, ја проектирал и гимназијата во Тетово во 1951 година, додека бил и професор на Архитектонскиот департман на Техничкиот факултет во Скопје. Зградата на Железничката станица во Нови Сад е изградена во 1964 година и траела 8 месеци./Алсат.мк
Ајнур Бафќари