РЕГИОН

Со изборот на Трамп би можело да го зголеми влијанието на Орбан врз Западен Балкан

Со Трамп во Белата куќа значително би се зголемила улогата на унгарскиот премиер Орбан на Западен Балкан, оценува експертот за меѓународни прашања Ризван Сулејамани. Во интервју за Алсат, Сулејмани вели дека Трамп е идеолошки брат со Орбан, Путин и Ердоган, со кои го делат истото убедување за начинот на функционирање на државата.

Advertisements

„Трамп, Путин, Орбан и Ердоган се идеолошки браќа. Тој го има истиот концепт и истото убедување за функционирањето на државата. Смета дека државата работи ефикасно ако имаш централизирана моќ и силен авторитет, а прашањата полесно се решаваат преку авторитет отколку со долги процедури на демократија, консултации, договори, усогласување и слично. Тој е идеолошки брат. На крајна инстанца, што можеме да очекуваме од регионот. Ако Трамп победи, ќе имаме многу повеќе Орбан во овој регион, улогата на Орбан ќе биде многу поголема ако победи Трамп. Но, Орбан не доаѓа само како премиер на една држава. Тој доаѓа со своја идеологија, со свој начин на функционирање, со сопствено разбирање на политиката, со сопствено разбирање за демократијата“, рече Ризван Сулејмани, познавач на меѓународните работи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button