ВЕСТИСВЕТ

Борел: Да се разгледа сценариото за поголема поддршка од ЕУ за Украина по победата на Трамп

Европската унија треба да разгледа сценарио во кое нејзината поддршка за Украина ќе се зголеми по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

Advertisements

Тој најави дека на состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ следниот понеделник ќе се разговара за понатамошни активности во оваа област.

„Не можеме да имаме ситуација во која Американците дејствуваат, а Европејците само реагираат. Ние самите треба да ја преземеме одговорноста. Мораме да ја увериме Украина дека нашата поддршка ќе продолжи, но за тоа се потребни соодветни ресурси и решителност. Ова бара политичка волја и пред сѐ, финансиски средства“, рече Борел во Варшава на заедничката прес-конференција со полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикорски.

Извор: Bloomberg

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button