Албанците низ светот го слават Денот на независноста на Албанија

Со прослави, радост и гордост беше дочекана 112-годишнината од независноста на Албанија. Денес цела Албанија и албанските територии се покриени со црвено-црни знамиња. Во Валона официјалната церемонија се одржа на Плоштадот на знамето, со присуство на највисоките лидери на Албанија и премиерот на Косово, Албин Курти.
Илјадници Албанци од целиот свет се приклучија на церемонијата. Исто така, во чест на Денот на независноста, ветераните на ОВК маршираа до граничниот премин Морине, симболично со песната за легендарниот командант Адем Јашари.
Илјадници Албанци од целиот свет и од дијаспората се собраа во Тирана по повод „Црвената парада“. Празничната атмосфера ја збогатија учесниците кои го претставија своето културно наследство преку народни песни, традиционални инструменти и карактеристични носии од Албанија, Косово, Македонија и Црна Гора.
Дефилето започна од плоштадот „Мајка Тереза“, а парадата кулминираше со подигање на црвено-црното знаме. Еден од возбудливите моменти на денешната парада за илјадници Албанци беше рецитирањето на поемата „Слободна Албанија“ од познатиот актер Решат Арбана.
Џесика Салахи