ВЕСТИСВЕТ

Грузија ги прекина преговорите со ЕУ

Владејачката партија во Грузија вчера објави дека земјата ќе ги прекине преговорите со Европската Унија до 2028 година и ќе го отфрли европското финансирање, со што практично ќе ја запре својата кандидатура за членство. Во соопштението за печатот, владејачката партија Грузиски сон ја обвини ЕУ дека ги користи пристапните преговори за уцена и „организирање револуција во земјата“.

Advertisements

„Одлучивме да не го ставаме на дневен ред прашањето за отворање на преговорите со Европската Унија до крајот на 2028 година. Исто така одбиваме какви било буџетски средства од Европската Унија до крајот на 2028 година“, соопшти владејачката партија.

Претходно грузискиот премиер Иракли Кобахидзе изјави за новинарите дека членството во ЕУ може да ѝ наштети на грузиската економија бидејќи Тбилиси ќе мора да ги откаже визните договори и трговските договори со други земји.

Проевропската претседателката на Грузија во заминување Саломе Зурабишвили го критикуваше потегот на власта и оцени дека таа објавила војна на сопствениот народ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button