ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Влошена безбедносна ситуација во Сирија – МНР повикува на евакуација
Влошена безбедносна ситуација во Сирија – МНР повикува на евакуација

Поради влошената безбедносна состојба во Сирија, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија синоќа ги повика граѓаните на земјата кои се таму да си заминат што поскоро. „Исто така, апелираме да се одложат сите патувања во оваа земја.
Постои можност за дополнително влошување на ситуацијата, а со тоа и намалување на можностите за навремено заминување од Сирија“, се наведува во соопштението на Министерството.
Од таму потенцираат дека како и секогаш, Министерството ги става на располагање сите свои капацитети да им помогне на нашите граѓани и го потенцираат СОС телефонот на МНР и електронската адреса за контакт во случај на потреба од помош.