Јавниот превоз во Тетово иако се врати во функција, го попречуваат несовесните возачи
Јавниот превоз во Тетово иако се врати во функција, го попречуваат несовесните возачи
Јавниот превоз во Тетово иако се врати во функција, го попречуваат несовесните возачи. Возачите на автобуси секојдневно наидуваат на потешкотии од автомобилите паркирани на места каде автобусот треба да застане за граѓаните.
Истата поплака ја имаат и граѓаните. Некои од нив се принудени да го чекаат автобусот на улицата каде соиобраќаат автомобили.
„Доаѓа на време, но не можете да стигнете од автомобилите до автобусот. Во судот кога чекам треба да излезам на улица“, рече еден жител.
„Доаѓа на време, редовно патувам. Но, паркирањето не прави нервозни“, додаде друг жител.
„Не нервира паркирањето коли, секогаш вака се паркирани“, рече еден жител.
Од Јавното сообраќајно претпријатие во Тетово велат дека единствен проблем остануваат големите загуби што ги има субјектот.
„Автобусите ги затекнавме само паркирани и со персонал или возачи под договор во општината, а сега ги имаме сите вработени и возачки персонал со здравствени придонеси и на жителите им е полесно да видат кога доаѓа линијата, што е максимално се почитува. Општина Тетово всушност го покрива делот од загубата на претпријатието, а реално само со наплата од билетите на жителите кои го користат превозот фирмата не може да опстане“, рече Арбер Ајдини. директор на НТ „Тетова транспорт“.
Фирмата нема место за администрација и паркинг за автобуси. Просториите за работење ги користи под закуп. Најголем проблем и понатаму е прашањето за паркирање автобуси, особено во зимскиот период, кои во отсуство на гаража на фирмата го користат надворешниот паркинг на УЕЈЛ како и канцелариите на овој универзитетски објект за администрацијата на претпријатието./Алсат.мк
Башким Сулејмани