ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Надвозникот кај Битпазар остана нерешен

Откако минатата година овде на булеварот „Христијан Тодоровски- Карпош“ беа прегазени две девојчиња, на барање и инсистирање на граѓаните беа поставени семафори за поголема безбедност. Но, на само два километри подолу, опасноста за пешаците е уште поголема поради фактот што преминот во Битпазар со години не може да се затвори поради спор меѓу Град Скопје и Општина Чаир околу тоа кој треба да го одбележи печашкиот премин или пак кој треба да го поправи мостот за да биде функционален за пешаците.

Advertisements

Градот Скопје и општина Чаир продолжуваат да играат „пинг понг“ за надлежностите за решавање проблеми. Писмено, Град Скопје вели дека проблемот лежи во изградениот мост, кој е проект на општина Чаир и е изграден со приватно-јавно партнерство, а градот не може да инвестира таму.

Град Скопје

Побаравме да се поправи инсталацијата на мостот за да можат граѓаните да го користат или општина Чаир да ни даде согласност за да можеме таму да направиме премин. Се надеваме дека наскоро ќе добиеме одговор од општина Чаир. Мостот за пешаци кај Битпазар е проект на општина Чаир и е изграден со приватно-јавно партнерство. Концесијата за мостот трае 15 години и е поврзана со рекламните билборди кои се дел од објектот. Преминувањето е нелегално и секој што поминува таму прави сообраќаен прекршок.

Општина Чаир се повикува на законот за Град Скопје

општина Чаир

Не држи образложението за постоењето на мостот истовремено таму, бидејќи можеме да направиме паралелизам и со мостот што се наоѓа во населба Влае, каде што иако има мост, надвозник, повторно имаме пешачки премин и семафори. Од таа причина, нагласувам дека сите законски надлежности во овој случај се достапни за Градот Скопје, засновани на законот за Град Скопје.

За да се реши проблемот со илегалниот премин во Битпазар, во текот на минатата година, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, постојано разменуваа обвинувања за одговорностите за затворање или легализирање на преминот. Но, се додека двете институции не најдат решенија, во овој дел од градот слободното движење на возилата продолжува да биде ограничено, додека од овој премин продолжуваат да страдаат  граѓаните, кои секојдневно ги ризикуваат своите животи.

Mefail Ismaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button