Пронајдена и четвртата жртва од вчерашната сообраќајка во Рашче
Пронајдена и четвртата жртва од вчерашната сообраќајка во Рашче

Голготата за семејството Аслани заврши. Тие со автомобил вчера попладне излетаа во водите на реката Вардар, на патот од Сарај кон селото Рашче. Денеска, околу 15 часот, беше пронајден постариот маж, кој управувал со автомобилот со кој животот го загубија 4 лица, заедно со неговата сопруга, ќерка и снаата за синот кој дошол од Италија.
Вистинско чудо беше 4-годишното дете, кое излетало од автомобилот пред да падне во Вардар и е пронајдено во грмушка, во близина на местото на несреќата.
„Додека тимот на телевизијата АЛСАТ беше на терен, се сретнавме и со некои членови на ова семејство кои раскажааа за моментот на пристигнување на местото на настанот се до извлекувањето на пронајдените тела. Велат дека не се задоволни од надлежните институции за сработеното и недостигот на средства кои се неопходни за вакви случаи“, известува Мелихате Рустеми, новинарка.
„Таа е сестрата со нејзиниот сопруг, внуката и со нејзината снаа. Благодарение на селаните од селото Свиларе и околните села, тие многу помогнале инаку овие другите многу слабо . Ја видов колата таму, беше врзана со метално јаже“, рече Џевдет Бела, роднина.
Потрагата од страна на припадниците на спасувачките екипи, волонтерите и здружението на волонтери пожарникари „Бајрам Мифтари“ од Општина Чаир траеше со часови. Тие синоќа, но и денеска од 7 часот наутро презедоа акции да ја пронајдат четвртата и жртва од семејството Аслани
„Операцијата започна во 19:00 часот, бидејќи условите беа лоши, имаше потреба да се исечат многу дрвја и да се влезе со багер и со нашиот камион. Во соработка со полицијата и Единицата за брза интервенција „Тигри“, соработувавме со нив, еден од нив нуркаше, имаше нуркачи, го лоциравме точно каде е автомобилот иако дел од автомобилот беше надвор, но не можевме да видиме што има внатре и колку е длабоко. Почнавме со извлекување на автомобилот до 23:30 часот, операцијата траеше три часа“, изјави Артан Демири, претседател на доброволните пожарникари Чаир.
Во селото Грчец веќе се направени подготовките за погреб на жртвите. Детето според информациите, веќе се наоѓа дома, во добра здравствена состојба.
Мелихате Рустеми