РЕГИОН

Вучиќ: САД ќе воведат сеопфатни директни санкции за српската нафтена индустрија, за ова прашање ќе разговарам со Путин

Вучиќ: САД ќе воведат сеопфатни директни санкции за српската нафтена индустрија, за ова прашање ќе разговарам со Путин

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека американскиот државен потсекретар за економски раст, енергија и животна средина, Хозе Фернандез, потврдил дека САД ќе воведат санкции против Српската нафтена индустрија (НИС). Вучиќ во текот на денот се сретна и со американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, а меѓу другото рече дека разговарал и за НИС и евентуалните санкции.

Advertisements

„Ќе воведат санкции, не само финансиски, туку целосни санкции против компанијата НИС. Тоа нема да бидат санкции против компании кои се во руска сопственост или финансирани од руски банки, туку ќе бидат директни санкции против нашата компанија НИС“, изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија.

Според Вучиќ, Вашингтон ќе и даде на Србија 30 дена „да ја разгледа ситуацијата и да преземе акција, а во рок од 60 дена да заврши се“. Тој повторно и предложи на српската Влада да формира два тима, во координација со премиерот, кои ќе разговараат со американската и руската страна. Вучиќ напомена дека Србија има добри односи со луѓето во новата администрација на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, но и дека има намера да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во втората половина на јануари.

Вучиќ, рече дека САД ќе воведат санкции за НИС во рок од неколку дена, бидејќи оваа компанија, која порано беше државна, сега е во руски раце. Од 2008 година, НИС е во сопственост на руската државна компанија Гаспром нефт и нејзината матична компанија Газпром. /Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button