ДУИ: СДСМ не се однесува како опозициска партија и не се бори против актуелната власт

СДСМ се однесува како „заробена“ партија наместо да се бори против актуелната власт. Со своето молчење само ја легитимира власта и не се осмелува вистински да ја предизвика, реагира ДУИ.
„Оваа трансформација не е случајна. Необјавениот договор меѓу Мицкоски и Заев, со посредство на олигархот Ангушев, има јасна цел: да обезбеди имунитет, во замена за власт што ќе го елиминира политичкото влијание на Албанците. Зарем не е токму ова причината зошто СДСМ не се спротивставува на засилувањето на елементите на „српскиот свет“ во Македонија? Зошто не реагира на политиките што имаат за цел да ја намалат политичката и економската улога на Албанците? Зошто нема никаква критика за прекршувањето на етничкиот баланс, исклучувањето на Албанците од институциите и уривањето на механизмите на претставување?“, се вели меѓу другото во реакцијата на ДУИ.