СВЕТ
Бајден: Ја напуштивме должноста, но не и битката

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден, по инаугурацијата на Доналд Трамп како 47-ми претседател на државата изјави дека ја напушта функцијата, но не и битката.
По слетувањето во воената база Ендрус во Мериленд, тој рече дека има уште многу да направи, а потоа се прекрсти, пренесува ABC News.
Поранешниот претседател ги повика своите вработени да останат „ангажирани“, без разлика дали се во јавниот или приватниот сектор или академската заедница.