ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

11-годишен ученик паднал од прозорец на третиот кат од училиштето

11-годишен ученик паднал од прозорец на третиот кат од училиштето

11-годишен ученик од прилепското основно училиште „Гоце Делчев“ паднал од прозорец на третиот кат од училиштето.

Advertisements

Детето е надвор од животна опасност и е во добра здравствена состојба. Соопштено е дека несреќата се случила во втора смена, за време на одмор, кога сите ученици излегле во училишниот двор. „Момчето е примено на нашата клиника и е надвор од животна опасност. Направени се сите потребни прегледи и снимки. Неговата здравствена состојба е стабилна.

Во наредниот период повредите ќе бидат преоценети и детето ќе биде под постојан лекарски надзор, велат од Детската клиника. Случајот е пријавен и во полиција од каде додаваат дека ги преземаат сите мерки за расветлување на случајот. Од училиштето соопштија дека денеска екипи на МВР извршиле проверка на камерите и извршен е целосен увид на местото на настанот, а се очекува да бидат познати причините за инцидентот

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button