СПОРТ

Ига Швионтек во полуфинале на Австралија Опен, ќе игра против  Медисон Кис

Ига Швионтек обезбеди полуфинале на Австралија Oпен, победувајќи ја Ема Наваро во два сета. Ига, вториот играч на планетата, по деведесет минути игра победи против осмиот играч на ВТА листата со резултат 6-1, 6-2.

Advertisements

Швионтек го повтори најголемиот успех во Мелбурн, кој го постигна во 2022 година. Полската тенисерка загуби само 14 гема на овие пет меча во Мелбурн.

Швионтек во полуфиналето ќе игра против Медисон Кис, која по пресврт ја совлада Елина Свитолина. Втората двојка ја сочинуваат Арина Сабаленка и Пола Бадоса, а двата меча се закажани за в четврток.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button