ВЛЕН: ДУИ нон грата во опозиција, Дрин Ахмети во ходниците на Обвинителството

„Кога ќе се спомене ДУИ, не можеме да мислиме друго освен на злоупотреби и корупција. Сакаме да ја информираме јавноста за едно важно прашање поврзано со економската активност на компанијата “Еверест ЈД“ ДООЛ, која е во сопственост и управувана од Дрин Ахмети, внук на лидеротна ДУИ нон грата, Али Ахмети“, соопштија денеска од ВЛЕН.
Во партиското соопштение се додава:
„Според достапните информации, ова компанија не го платила концесискиотнадоместок за експлоатација на минерални суровини налокацијата “Буковиќ“, со што ги прекршила законите и прописите.
Оваа не одговорна постапка претставува сериозен облик на нетранспарентност и злоупотреба на привилегиите дадени за експлоатација на природните ресурси и поради оваа причина, коалицијата ВЛЕН иницира да се преземат итни и целосни мерки за расветлување на ова прашање.
Со гордост ја споделуваме оваа информација, бидејќи со несаканата транзиција на ДУИ во опозиција, заврши и заштитата или поддршката во судовите и обвинителството. Затоа, ова е знак дека завршува ерата на политичко влијаниеврз институциите кои треба да бидат целосно не зависни и не засегнати во работата на правосудството.
По откривањето на ова дело, Дрин Ахмети бил повикан од Обвинителството да даде објаснувања и се води истрага заовој случај. Коалицијата ВЛЕН, како дел од владата, ги повикува правосудните институции да постапат во согласност со законот и да обезбедат безбеден и транспарентен истражен процес, за да се избегне каква билоформа на политичко влијание за конечната одлука да биде целосно заснована на законите на нашата земја. А злонамерниците како Дрин Ахмети ќе ја добијат заслужената казна.
Коалицијата ВЛЕН со целосна решителност и максимална одговорност ги поддржува сите напори овој случај да се постапува со професионалност и непристрасност за да севоспостави ред и законитост во оваа област.
Коалицијата ВЛЕН будно ќе го следи ова прашање и ќе биде неприкосновна во борбата за транспарентност и правда и никогаш нема да толерира злоупотреби. Ги уверуваме граѓаните дека сме тука да ги откриеме сите измами поврзани со ДУИ нонграта и дека ќе има одговорност за сите.
ВЛЕН е коалиција на сите граѓани, ВЛЕН не се залага за внуци туку за секој од вас. Секој граѓанин ужива почит и еднаков третман од најголемата албанска коалиција, ВЛЕН“, велат од ВЛЕН.