ВЕСТИСВЕТ

Фон дер Лајен: Нашата прва цел во односите со новото раководство во САД ќе биде брзо да воспоставиме врска

Нашата прва цел во односите со новото раководство во САД ќе биде брзо да воспоставиме врска, да бидеме подготвени за преговори и да бидеме прагматични во преговорите… Милиони работни места во светот зависат од меѓусебно поврзаните економии на ЕУ и САД, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, во говорот пред европратениците во Стразбур.

„Влеговме во нова ера на остро геостратешко ривалство. Секогаш ќе се придржуваме до нашите европски принципи“, истакна Фон дер Лајен.

Според неа, дејствијата на големите земји ќе бидат насочени пред се кон остварување на сопствените интереси.

„Нашите вредности нема да се променат, но за да ги заштитиме мораме да бидеме економски силни. Мора да се намалат цените на енергијата, а во исто време дополнително да се намали нашата зависност од рускиот увоз на енергенси. Мораме да инвестираме во чиста енергија, да ја подобриме преносната мрежа“, истакна претседателката на ЕК.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button