СВЕТ

ЕУ во дилема – Ковид пасоши, да или не? Првите разговори в четрвток

Лидерите на ЕУ, на вонреден состанок на 21 јануари, кој е целосно посветен на одговорот на пандемијата, меѓу другото, ќе разговараат и за предлогот на грчкиот премиер, Мицотакис, за воведување на таканаречениот „ковид пасошот“, соопшти Европската комисија.

– Важно е да се види кои би биле потенцијалните права на луѓето кои би ги имале тие пасоши, но и правата на оние кои немаат такви пасоши. Тоа е многу чувствителна дебата што мора да се одржи меѓу лидерите на ЕУ за време на видео конференција во четврток – вели портпаролот на ЕК, Ерик Мамар.

Претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел, вели дека „не ја исклучува“ можноста за воведување вакви сертификати и дека по тој повод веќе имал неформални разговори со лидерите на ЕУ.

Тој забележува дека мора да се воспостави европско единство за тоа дали воопшто треба да се воведе таков документ, но и кога.

– Повеќе луѓе треба да се вакцинираат пред да биде применливо. Ако се примени премногу рано, тоа ќе предизвика голема фрустрација во Европа – рекол Мишел како гостин на холандската телевизија, пренесе „Анадолија“.

ЕУ проценува дека ова е „многу чувствителна тема“ што мора да се разгледа и од правниот спектар.

– Оваа тема е чувствителна во многу европски земји, бидејќи некои од нив ќе имаат впечаток дека со ваква потврда ние всушност одлучивме дека вакцинацијата е задолжителна, а во многу земји сметаат дека е подобро ако вакцинацијата остане доброволна и ако не одлучиме да ја направиме задолжителна. Ние мора да се обидеме што е можно повеќе да изградиме европско единство за вакви тешки прашања – вели Мишел.

Видео конференцијата на лидерите на ЕУ е закажана за четврток во 18 часот.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button