СПОРТФУДБАЛ

За првпат црвен картон за Меси

Лионел Меси за прв пат во својата кариера во Барселона, беше казнет со црвен картон во финалето на Суперкупот на Шпанија, кое го доби Атлетико Билбао, по продолженијата, со резултат 3:2. Аргентинецот доби црвен картон во 120 – та минута, кога без топка го удри противничкиот играч и главниот судија му покажа црвен картон, по предлог на системот „ВАР“. Сега Дисциплинската комисија ќе ја одреди казната за Меси, кој може да биде обвинет по два члена од шпанскиот фудбал. Со првиот, може да биде казнет со три натпревари за „насилна игра“, додека со вториот член, може да се казни од четири до 12 натпревари. Да потсетиме, ова е трет црвен картон за Меси, еднаш во дресот на Барселона Б и еднаш како репрезентативец на Аргентина.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button