Вакцините од Србија не можат да влезат без законски измени, но власта нема кворум за седница

И покрај тоа што земјава обезбеди над 8.000 вакцини од Србија, тие нема да можат да влезат кај нас сè додека Собранието не направи измени во Законот за лекови и медицинска помош, објаснуваат од владејачкото мнозинство.
Сепак, Собранието денеска не можеше да ги усвои предложените измени затоа што немаше кворум за работа. Им недостасуваат двајца пратеници, откако Дарко Каевски беше позитивен на коронавирусот и чека резултат. Во една ваква ситуација, од СДСМ за немањето кворум ја обвинуваат опозицијата, чии пратеници иако биле во Собранието, не влегувале во салата.
Од ВМРО-ДПМНЕ одговорија. Не влегувале во салата поради однесувањето на власта.
На 30-та седница на Собранието што требаше да започне денеска, покрај измените и дополнувањата на Законот за лекови, на дневен ред се и Законот за попис, интерпелацијата за вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров, што ја побара ВМРО и низа други закони.
Mefail Ismaili