Битиќи: Пристапот на Владата за поддршка на бојкотот е скандалозен, слушаме популистички изјави

Опозицијата смета дека е скандалозен пристапот на Владата за поддршка на бојкотот против приватниот сектор.
Фатмир Битиќи во интервју за Алсат вели дека претходната извршна власт оставила на сила закон кој треба само да се спроведе и да се реши прашањето за поскапување на основните производи.
Зборувајќи за потрошувачката кошничка, Битиќи додаде дека како никогаш досега Владата, неможејќи да најде решение, прави паралелизам нудејќи две потрошувачки кошници, една официјална и една дизајнирана од синдикатот и работодавачите.
„Мислам дека Владата наместо тоа треба да ги користи механизмите со кои располага. Ви оставивме закон кој се однесува на нефер комерцијални практики кој е во полна сила од 1 јануари 2025 година со кој тие можат да ја регулираат продажбата на мало, но и односите на малопродажните компании со производителите. Но, се чини дека Владата не е подготвена да ја спроведе оваа мерка и затоа слушаме популистички изјави“, изјави Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ.