ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Поранешниот директор на СОЗР Мирчески, попладнево е приведен во полициската станица

Поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Пеце Мирчевски е осомничен за најмалку четири кривични дела. Финансиската полиција се сомнева дека Мирчевски земал поткуп, фалсификувал службени исправи, извршил измама и постапувал несовесно. Сомнежите се однесуваат на 5 договори со фирма за кои се покажало дека има конфликт на интереси. Договорите се однесувале на хотелски услуги, изнајмени возила, приватни авионски билети и дневници кои не се засновани на конкретни обврски. Буџетот е оштетен за речиси 1,8 милиони денари.

Advertisements

„Од јануари 2022 година до јуни 2023 година, лажно наведувајќи дека се работи за службени патувања, поднел барања за резервации во хотел, резервации на билети, фиктивни нарачки за службени патувања во странство и со тоа влијаел врз него и други лица да имаат парична корист. Ова вклучува и изнајмување автомобили за приватни потреби“, велат од Финансиската полиција.

Освен тоа, амбициите на Мирчевски отишле до таму што унапредил пилот во капетан иако не ги исполнувал основните услови.

„Од октомври 2023 година до 14 јуни 2024 година, свесен дека не може да преземе вакво дејствие за лицето кое го назначил за капетан на лет, иако не ги исполнува законските услови, одобрил месечна плата во својство на капетан и го оштетил буџетот за 3,4 милиони денари“, додаваат од Финансиската полиција.

Полицијата упадна во неговиот дом, но финансиската полиција не соопштува детали за тоа што е одземено како доказ. Друго лице се товари и дека бил раководител на фирмата со која Мирчески склучил договор. Мирчески за време на неговиот мандат, од опозицијата беше обвинет за неколку злоупотреби, а неколку пати и за користење на владини авиони за приватни патувања.

Алсат

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button