ВЕСТИРЕГИОН

Гренел: Курти греши, односите меѓу Вашингтон и Приштина се на најниско ниво

Специјалниот пратеник на американскиот претседател за специјални мисии, Ричард Гренел, денеска оцени дека изјавите на премиерот на Косово, Албин Курти, дека односите меѓу Вашингтон и Приштина се „посилни од кога било“ покажуваат дека тој е „во заблуда“, бидејќи, според американскиот претставник, тие се на многу ниско ниво.

Advertisements

„Односите никогаш не биле на пониско ниво. Курти го осудија првата администрација на американскиот претседател Доналд Трамп, администрацијата на Бајден, НАТО, ЕУ, Амбасадата на САД, поранешниот американски државен секретар Ентони Блинкен и други“, наведе Гренел на мрежата Х.

Заедно со оваа изјава, тој објави и дел од интервјуто на Курти за приштинските медиуми, во кое тој тврди дека односите меѓу Приштина и Вашингтон моментално се во најдобар ред.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button