ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мираковска побара оставка од Таравари за последните случувања во здравството

Пратеничката од НСДП Соња Мираковска на денешната собраниска седница на која на дневен ред е и поставување опозициски прашања, побара оставка од министерот за здравство Арбен Таравари за последните случувања во здравството. Таравари одговори дека би поднел оставка доколку му се случела Модуларна болница, скандал во Онкологија и оти не бега од одговорност, бидејќи има каде да се врати.

Advertisements

Мираковска, која на Таравари му постави три прашања, обвини дека се случи хуманитарна катастрофа со недостигот на биолошка терапија на Клиниката за онкологија. Таа посочи дека според СЗО редовниот пристап до оваа терапија ја зголемува шансата за преживување на пациентите од 30 до 40 отсто, и оти се случил системски пропуст што ја загрозило оваа шанса за живот.

-Ниту збор за тоа колку видови терапија фалеа, во колкав обем, не добивме никаква информација што што се случува, дали имате решение што ќе се слчучува. Онколошките пациенти над 10 дена беа оставени без животно потребната терапија, а вие покажавте непсособност да ги обезбедите тие лекови. Досега не слушнавме системско решение и што конкретно планирате овие пациенти да бидат растеретени за да не им се случи ова. Зошто дозволивте да нема лекови кој ќе ја понесе одговорноста за тоа, праша Мираковска од собраниската говорница.

Министерот Таравари на ова одговори дека за жал на Онкологија се случило пациентите да немаат само десет дена терапија, за разлика, како што рече, тие кога биле на власт, кога од 2018 до 2022 министер за здравство бил лидерот на СДСМ, три пати се случило да нема биолошка терапија со месеци.

-Зошто ова се случи – не поради тоа дека имаше помалку биолошка терапија, туку дека побарувачката беше поголема затоа што инциденцата на карцином е зголемена за седум до десет отсто. И не можевме да предвидиме дека ќе се зголеми за толку, одговори Таравари.

Рече и дека нема регистар на онколошки пациенти.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button