
Кремљ денеска објави дека суверено право на Украина е да одлучи дали ќе се приклучи на Европската Унија и дека Москва нема намера да му диктира на Киев како да пристапи кон ова прашање.
Запрашан дали Украина може еден ден да се приклучи на Европската Унија, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече:
„Тоа е суверено право на секоја земја. Зборуваме за интегративни и економски интегративни процеси. И овде, се разбира, никој не може ништо да диктира на ниту една земја и ние нема да го сториме тоа“, рече Песков.
Тој, сепак, додаде дека руската позиција е поинаква кога станува збор за влезот на Украина во воените сојузи.
„Постои сосема поинаков став, се разбира, за безбедносните прашања поврзани со одбранбените или воените сојузи“, рече Песков.