
Во последниве години, интересот за реконструкција на градите е зголемен кај пациентките заболени од рак. Според лекарите, секоја четврта жена е заболена од рак на дојка, особено млади жени, а реконструкцијата на градите позитивно влијае на нивната самодоверба и психологија. Најмладата пациентка која направила реконструкција на дојка има 28 години.
Онколозите објаснуваат дека по реконструкција на дојката, скринингот и прегледите се одвиваат непречено. Додека најмладата пациентка со рак на дојка се уште нема наполнето 23 години.
Ана Марјановиќ, пациентка која беше подложена на реконструкција на градите, вели дека се уште не го постигнала посакуваниот резултат и вели дека имала големи предрасуди за нејзината операција.
Директорот на Фондот за здравство Сашо Клековски рече дека годинава имаат предвидено заеднички буџет за Клиниката за торакална хирургија и Клиниката за пластична хирургија, за примарна и секундарна реконструкција на дојка. Потенцира дека ќе има доволно биолошка терапија за годинава и почетокот на следната година.
Линда Ебиби