ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Собранието се очекува гласање за законот за попис

Започна продолжението на 29-та седница на Собранието на која првата точка што остана без гласање е предлог законот за попис на населението, домаќинствата и домувањето, планиран за април 2021 година.

Advertisements

Дебатата за нацрт-законот предизвика контроверзии и противења меѓу парламентарното мнозинство и  опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Вторите сметаат дека не е вистински момент за попис поради пандемијата и поднесе неколку амандмани кои беа одбиени. Меѓу амандманите беше и предлогот при спроведувањето на пописот да се употреби и опрема за скенирање отпечатоци од прстот.

Владата пак, ја изрази својата решеност дека регистрацијата дефинитивно треба да се случи во април.
За време на последната седница, Собранието се соочи и со недостиг на кворум бидејќи еден пратеник од вкупно 62, колку што го сочинуваат мнозинството, е заразен од ковид-19, а друг е во изолација.

Пратениците на албанската опозиција, коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, исто така изразија подготвеност да гласаат за законот за попис.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button