ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судење против Мерко за незаконско поставување на директори

Рамиз Мерко во повеќе основни улилишта во Струга и струшко незаконски поставувал директори- ова го констатирале од Државниот просветен инспекторат. За случајот во училиштето Браќа Миладиновци, денеска сведочеше Виолетка Џутеска која даваше исказ за извршените инспекциски надзори во ова училиште.

Advertisements

„Во време кога Албана Жута е именувана за в.д директорка, таа не ги исполнувала условите кои се дефинирани во Законот за Основно образование. Таа претходно не била вработена во училиштето „Браќа Миладиновци“, туку во гимназијата „Ибраим Темо“. Немала положено сертификат за познавање на англиски јазик, а немала положено ниту државен испит за директор“, рече Виолетка Џутеска, државен просветен инспектор.

Пропустите кои ги наведе инспекторката,ги потврди и самата директорка, кја од неодмана повторно е назначена на оваа позиција.

„Јас направив консултации со градоначалникот и со министерот за образование. Кога бев избрана за в.д директор немав положено државен испит, имав сертификат за познавање на англиски јазик, но кој не беше меѓународно признат“, вели Албана Жута, директорка на ОУ „Браќа Миладиновци“.

Градоначалникот Мерко, рече дека не се чувствува виновен.

„Не се чувствувам виновен, за тоа што сум обвинет“, рече тој.

Судскиот процес за поставувањето на директори во основните училишта во Подгорци, Лабуништа и Радолишта, се одложи поради неприсуство на сведоците. Едниот го оправдал своето отсуство со почеток на градежни работи, а вториот поради куќна слава..

„Тоа што е напишано создава сомнеж дека некој избегнува да се јави пред судот. И од тие причини доколку не сакаат по редовен пат ќе мора да користиме присилни механизми“, рече Јордан Јованов, судија.

Јованов најави дека ќе бара полицсика асистенција за сведоците на следното рочиште.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button