ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Угостителите од вечерва работат до 21 часот

Кафулињата и рестораните од денеска ќе работат плус три часа. Наместо до 18, ќе работат до 21 часот. Следната недела властите ќе одлучуваат дали работното време на угостителските објекти ќе виде повторно продолжено. Од независната угостителска комора се незадоволни од актуелното решение. Бараат средба со Владата. Сакаат да им се врати нормалното работно време до полноќ, односно до 1 часот за викенди, како и да добијат нови парични субвенции од државата.

„Сметаме дека ограничувањето на работното време е непотребно со оглед дека постојат веќе други протоколи и препораки за работа на угостителските објекти, а и свеста кај народот и гостите е далеку поголема“, рече Здравко Јосифовски- Независна угостителска комора

Според угостителите, процесот за враќање во нормала нема да се случи ниту во февруари, ниту во март, туку ќе трае до летните месеци.

Од угостителската комора бараат власта да продолжи мерката за исплата на плати за вработените, но овој пат да добиваат бруто-износ. Десетина дена пред Новата година, Владата го скрати работното време во угостителството до 18 часот за да се избегнат собирања и прослави за празниците.
Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button