ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Движењето Беса уверува – во личните карти ќе има етничка графа

Од Движењето Беса велат дека етничката графа во личните карти ќе се реализира. Според нив, тоа ќе се направи во согласност со нацрт-законот за лични карти доставен до Собрание на 21 декември лани. Текстот на законот кој бил на владина седница, но кој не е одобрен за однесување, се усогласува во Владата.

„Во моментов се одржуваат консултации во Владата за да се види најдобриот модалитет како може да се спроведе овој нацрт-закон. Во ниту еден момент не беше доведена во прашање содржината на графата за етничка припадност во личните карти“, рече Кастриот Реџепи, пратеник на Движењето Беса.

Измените предвидуваат етничката припадност да биде елемент на образецот за лична карта и да биде вклучена во документот. Според Реџепи, претходно доставениот закон бил повлечен.

„Претходно имаше предлог-закон за лични карти кој не содржеше етничка графа и по барање на пратениците на Движењето Беса тој закон беше повлечен и изменет со закон за синтеза кој исто така содржи и етничка графа. Таа ќе се реализира како што е договорено со уставните измени и тоа беше бетонирано со договорот за предизборна коалиција на парламентарните избори“, додава Реџепи.

Премиерот Зоран Заев пред неколку дена изјави дека етничката припадност нема да биде дел од предлозите за изменување на законот за лични карти и законот за патни исправи кои се во собраниска процедура. Според него, овие измени содржат само прилагодување на документите со новото уставно име, додека етничката припадност ќе биде регулирана со друг закон.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button