ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Загаденоста во Скопје и Кавадарци неколкукратно над дозволениот максимум

Повторно се гушиме во загаден воздух. Кавадарци синоќа беше најзагаден град. Таму нивото на аерозагадување беше дури 10 пати повеќе од дозволените граници, со измерени 526 ПМ10 честички во воздухот. Во Куманово покрај што тешко се дишеше и тешко се гледаше. Таму загаденоста беше девет пати над нормалните граници или измерени 280 ПМ 2,5 од најситните честички во воздухот.

Во Скопје најзагадено беше во Лисиче, осум пати повеќе од нормалата и беа измерени 420 ПМ 10 и 258 ПМ2,5 честички во воздухот. Загадено беше и во Ѓорче Петров, три пати над дозволената граница или 188 ПМ 10 честички во воздухот. Сепак, тука се спрема терен за градба на висококатници. На ова предупредува Иницијативата против урбано дивеење. Според нив, општината подготвува нов Детален урбанистички план за десет и дваесет катници.

„Со овие облакодери нема да има доволно струење на воздухот од лепенец, со тоа дополнително ќе се зголеми аерозагадувањето во нашата Општина. Не е испланирано ниту ново зеленило, нови градинки и училишта, сообраќаен режим и приклчок кон булеварот“, рече Горан Костов, Иницијатива против урбано дивеење.

Жителите бараат ревидирање и на ДУП-от за Хром каде тврдат дека се плaнираат да се изградат 100 згради кои ќе имаат и до 17 ката.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button