РАКОМЕТСПОРТ

Нашиот голман Томовски меѓу 5 најдобри на СП „Египет 2021“

Македонскиот голман Мартин Томовски беше меѓу 5 најдобри голмани на СП „Египет 2021“, правејќи фантастични интервенции на голот на Македонија. Томовски успеа да го одбрани пеналот кога се играше против репрезентацијата на Египет и овој потег се најде меѓу 5-те најдобри интервенции во првиот дел од групните натпреварувања. Томовски, пак, беше рангиран меѓу најдобрите 3 голмани според одбранетите пенали. Македонскиот голман беше активен во 8 слободни удари кон македонскиот гол, одбрани 4 од нив и постигна 50 проценти точни интервенции. Следниот натпревар Македонија ќе го има во петок, против репрезентацијата на Русија, со почеток во 15.30 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button