ВЕСТИРЕГИОН

Одложено гласањето за резолуцијата за Сребреница во ОН, текстот се испраќа на ревизија

Гласањето за резолуцијата за Сребреница нема да се одржи на 2 мај, а причина за одложувањето е тоа што текстот на нацрт-документот се испраќа на ревизија, потврдил вечерва за Н1 амабсадорот на Босна и Херцеговина во Обединетите нации (ОН), Златко Лагумџија.

Кога ќе се одржи седницата на Генералното собрание на ОН, на која треба да се гласа за резолуцијата, според амбасадорот треба да се знае во вторник.

„Во овој момент знаеме дека седницата нема да се одржи на 2 мај, бидејќи денеска го испраќаме текстот на резолуцијата на ревизија, доколку земјите членки на ОН имаат други предлози за текстот. Генералното собрание секако ќе биде по 6 мај, во зависност од распоредот на седниците што ќе знаеме во вторник“, рекол Лагумџија.

Во оваа одлука, како што рекол тој, учествувала и мисијата на БиХ во ОН, за да им се даде време на оние на кои тоа им е потребно.

Српскиот претседател Александар Вучиќ во Њујорк изјавил дека Соединетите Американски Држави, Германија и други земји го засилиле лобирањето за резолуцијата за Сребреница, поради кампањата што Белград ја води против нејзиното усвојување.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button