
Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска изјави дека одговорноста на осомничените лица ќе се утврдува врз основа на доказите обезбедени во истрагата.
Тој информираше дека најголемиот дел од осомничените се испитуваат за кривичното дело „тешки дела против безбедноста на луѓето“, за кое се предвидени затворски казни од најмалку 3 до најмногу 20 години.
Освен ова, обвинителството истражува и случаи поврзани со евентуално давање поткуп, како и незаконска набавка на пиротехнички средства.