ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Над 2000 охридски средношколци на мирен собир за жртвите од Кочани

Над 2000 охридски средношколци на мирен собир за жртвите од Кочани

Повеќе од 2000 срендношколци од Охрид, со мирен собир на градскиот плоштад, со оставање на свежо цвеќе и палење свеќи, одадоа почит на трагично загинатите во катастрофалата несреќа која се случи во Кочани. Порачаа дека се погодени многу и оти чуствуваат многу разочарани од институциите кои во изминатите 30 години, како што рекоа недоволно си ја вршеле својата работа.

Advertisements

„Во нашата држава инстутуциите извисуваат односно не ја извршуваат работата која им е дадена. Корупцијата преовлада низ целата наша држава и ова мислам дека беше кулминација. Сега ќе мора да се преземат многу поголеми работи и мерки.Ова не смее овде да застане бидејки жално што се одземени сите права, а овој пат го одзедоа и основното право, правото на живот. Ако не се кренеме на протест, ако не се кренеме бунт, ова ќе се заборави и ќе биде секое чудо за три дена.Не само тие што се виновни во овој случај, туку сите кои се вмешани во корупција во оваа држава, кои имаат немаат позадина со тоа, мора да се реши со нив“, рече Ламбе Ивановски-ученик.

Стравуваат дека ако нема разрешница, секој еден може да е следен.

„Се чуствувам гневно и знам дека на секој може да му се случи и оти ние можевме да сме на тоа место и затоа мислам дека пожална вест од ова неможевме да добиеме.Овие денови и наставниците и родителите не советуваат дека треба да се пазиме, дека не треба да посетуваме такви места.Наша генерација деца излегуваат и на забави и помала генерација.Затоа сите треба да се чуваме бидејки се може да не снајде“, рече Ана Илоска- ученичка.

„Мора да се свестиме сите дека на место на тие деца можевме да сме ние. Родителите треба да се свесни, дека нивните деца се маллетни и не треба да ги пуштаат во клубови кои работат после12 часот, дека рацијата не ги проверува личните карти како што треба, дека живееме во една корумпирана држава во која треба да престане оваа корупција и се додека таа корупција не престане ние можеме да бидеме следните жртви“, додаде Стефанија Настеска.

Охридските средношколци, одржаа и десетминутен молк, во чест на настраданите. Најавија дека ќе ја следат ситуацијата во наредниопт период и доколку треба ќе излезат на протести. Наставата од утре продолжува но со скратено време.На дрвениот мост во Струга осамна натпис со порака „Сите сме криви за прегратките што фалат“. Инаку двете струшки болници за дијализа и градската општа болница, организираа акција за собирање на медицински материјал, како помош за градската болница 8-ми септември во Скопје, каде беа хоспитализирани дел од повредените лица./Алсат.мк

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button