ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска: Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и грмежи, се вели во прогнозата на Упрвата за хидрометеоролошки работи (УХМР). На некои места, во текот на денот, се очекува појава на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град. Утринската температура ќе биде од 6 до 12 Целзиусови степени, а дневната од 14 до 25 степени.
И во Скопје за денеска се најавува променливо облачно време со повремен дожд. Во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движе во интервал од 10 до 25 степени.