Вучиќ најави средби со Трамп – не кажа кога и каде

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека во следните три до четири дена ќе се сретне дури двапати со американскиот претседател, Доналд Трамп.
„Со Трамп ќе се сретнам двапати во различни пригоди во следните три до четири дена“, рече Вучиќ.
На новинарско прашање кога ќе се сретне со американскиот претседател, Вучиќ не даде прецизен одговор, туку додаде дека „сѐ ќе се случи во следните неколку дена“.
„Не ме фаќајте за збор, ги помешав датумите и различните временски зони. Но, сѐ ќе се случи во следните денови“, одговори српскиот претседател.
Посочи оти очекува во август или септември годинава во Белград да го посети италијанската премиерка Џорџа Мелони, за која рече дека заедно со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, е една од најмоќните жени во светот.
Изминатиот период Вучиќ имаше неколку средби со Доналд Трамп Помладиот, синот на американскиот претседател и еден од членовите на семејството Трамп кој беше поактивен за време на изборната кампања на татка си.