РЕГИОН
Сакал да купи автомобил преку интернет, лажниот продавач исчезнал со неговите 12.500 евра

Хрватската полиција трага по непознат измамник кој измамил вработен во компанија од Осиек за 12.500 евра кога се обидел да купи автомобил преку интернет, соопшти полициската управа Осиек-Барања.
На 8 април, купувачот склучил онлајн договор со непознато лице за купување личен автомобил. Откако ги платил парите, непознатиот продавач никогаш повеќе не го контактирал, ниту ги вратил уплатените пари, а никогаш не го испорачал и купениот автомобил.
Материјалната штета изнесува 12.500 евра.