РЕГИОН

Утре во Албанија ќе се одржат единаесеттите парламентарни избори од укинувањето на комунистичкиот режим

Утре во Албанија ќе се одржат единаесеттите парламентарни избори од укинувањето на комунистичкиот режим

Утре во Албанија ќе се одржат единаесеттите парламентарни избори од укинувањето на комунистичкиот режим и воведувањето на повеќепартискиот систем. На изборите ќе учествуваат вкупно 53 политички партии и три коалиции, а премиерот Еди Рама се обидува да обезбеди четврти последователен мандат.

Advertisements

Според последните анкети, социјалистичката партија на Рама води пред опозициските партии и коалиции, со надеж дека ќе го задржи мнозинството од 140 пратенички места во албанскиот Парламент, што би овозможило самостојно формирање на влада.

Право на глас имаат околу 3,75 милиони граѓани, распределени во 12 изборни единици. За првпат, на овие избори ќе гласа и албанската дијаспора, што се смета за значаен чекор кон поголема вклученост на Албанците во странство во политичките процеси во земјата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button