ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во школо во Чаир, освен чанти, учениците си носат и ГРЕАЛКИ!

Речиси секоја училница од основното училиште „7 Март“ во општина Чаир има дополнително грејно тело бидејќи училишните радијатори не загреваат доволно. Родителите самоиницијативно почнале да донираат греалки за децата да не се преладат. Училиштето греење обезбедува од топланата Скопје-Север, но директорот вели дека радијаторите не се доволно топли.

Advertisements

„Сега кога температурите беа најниски навистина се забележуваше дека греењето на училиштето е слабо затоа што не пуштаат доволно греење. Навистина и родителите и наставниците имаат право што се жалат. Тие никогаш немаат разбирање, никогаш. Толку години сме со Топлана Север, а тие немаат разбирање ниту за жителите, ниту за училиштата. Во некои училници родителите сами донесоа грејни тела.“

Алсат се обрати до топланата. Оттаму ни рекоа дека досега не бил забележан проблем во снабдувањето со парно за училиштето „7 март“. Според нив, во периодот на греење се обезбедувало непречено снабдување со топлинска енергија, а училиштето не испратило забелешки до нив во врска со квалитетот на греењето, не биле пријавени проблеми, ниту било поднесено барање за зголемување на топлинската енергија.

Инаку, во моментов во училиштето одат над 300 ученици од прво до трето одделение.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button