ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Јавниот простор на вториот кат во близина на .Т.Ц. Мавровка ќе има зеленило

Јавниот простор на вториот кат во близина на .Т.Ц. Мавровка ќе има зеленило. Овој проект ќе се реализира во соработка помеѓу Град Скопје, Општина Чаир и Советот на сопственици на Трговскиот центар. Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, истакна дека со овој проект ќе има зеленило на најфреквентната раскрсница во главниот град, каде поминуваат 70 илјади автомобили дневно.

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, истакна дека зеленилото на овој простор ќе придонесе за подобрување на имиџот на овој дел.

„Станува збор за зеленило на оваа област што ќе биде над 3000 м2. Тоа значително ќе ја подобри сликата, ќе го зголеми бројот на клиенти тука, но исто така ќе придонесе многу во однос на екологијата и прочистувањето на воздухот.„

Проектот е во фаза на тендер, и се очекува да чини околу 300 илјади евра. Автор на проектот е архитектот Бесијан Мехмети, а станува збор за донација од Советот на сопственици на T.Ц Мавровка. Просторот се очекува да се користи само за граѓани, но не и за шанкови и други деловни активности.

Mefail ISmaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button