РЕГИОН
Земјотрес од 4,2 степени го погоди првиот крак на Халкидики

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди првиот крак Касандра на грчкиот полуостров Халкидики во Грција, информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Засега нема информации за предизвикана материјална штета или повредени.