ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Отпадот на депонијата Дрисла предизвикува „главоболки“ за жителите

Отпадот на депонијата Дрисла предизвикува „главоболки“ за жителите

Со доаѓањето на летото и високите температури, доаѓа и загриженоста на жителите кои живеат во близина на депонијата Дрисла. Особено жителите на селото Батинце, кои во текот на летото се соочуваат со неподнослива смрдеа и чадот што излегува од отпадот кој се пали овде.

Advertisements

На социјалните мрежи, жителите на Батинце споделиле видеа од  непокриени отпадоци на Дрисла. Тие велат дека ова село се претворило во место каде поради непријатниот мирис веќе не може да се живее.

Постарите жители велат дека порано Батинце било познато по квалитетни земјоделски производи, но сега веќе подолго време ништо не се одгледува поради депонијата.

„Одев на нива, а воздухот таму е подобар отколку овде. Овде ни леб не може да се јаде, ништо не може поради смрдеата. Земјоделие тука? Не, ништо не може веќе да се произведува“,

„Не, овде веќе нема земјоделие. Порано, во едно време, Батинце беше земјоделско место, но сега веќе не, нема ништо“, rече еден жител на Батинце.

Жителите на Батинце велат дека ништо не се презема за алармантната состојба! Тоа е злоупотреба на јавната одговорност и потсмев со здравјето на граѓаните кои секојдневно се соочуваат со отровниот мирис што доаѓа од таму, нагласуваат тие. Додаваат дека нема да молчат и дека ќе бараат итна реакција и конкретни мерки.

Од Град Скопје се очекува одговор во врска со тоа какви конкретни мерки се преземаат за да се спречи палењето на отпадот на депонијата Дрисла, особено во летниот период кога оваа појава директно го загрозува здравјето на жителите на околните населени места./Алсат.мк

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button