ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

По една деценија од катастрофалните поплави, надлежните ги санираат штетите на обиколницата кај Стајковци

Како оваа голема дупка што е на средината од патот, или поточно на обиколницата што го поврзува Куманово со Скопско, но и со други населени места, има многу такви што се предизвик за секој што поминува по овој пат.

Advertisements

На најтешкиот дел, влезот на обиколницата во делот кај Стајковци, за кој неколку пати се пријавени поплаки од многу граѓани, ги сретнавме работниците на Македонија пат како го асфалтираат овој дел.

Според Јавното претпријатие Македонија пат, влезот во обиколницата од делницата Стајковци е во завршна фаза и оваа делница ќе биде целосно асфалтирана, или околу 950 метри. Во моментов, на делницата што се санира, сообраќајот се одвива само по една лента, додека Јавното претпријатие Македонија пат ги повикува возачите да ги почитуваат сообраќајните знаци, особено на делницата каде што се одвиваат работите.

Додека овој дел од патот и дупките што ги мачеа возачите се санирани, на другиот дел од обиколницата и натаму има дупки

Скопската обиколница беше оштетена за време на поплавите во 2016 година.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button