
Информациите од Англија говорат дека поранешниот репрезентативец, Маркус Рашфорд, добил интересна понуда во изминатите денови, да се пресели во северниот дел од Англија и да го облече дресот на Њукасл.
„Црно-белите“ планираат дополнително да ја засилат навалната линија откако повторно обезбедија билет за ЛШ, а на врвот на листата со желби се наоѓа токму Рашфорд.
Проблем претставува превисоката плата што голгетерот ја има загарантирано во Јунајтед, поради што не се исклучува опцијата за нова позајмица со која Манчестер повторно би покривал дел од платата на голгетерот како што тоа беше случај во Астон Вила.
Јасно е дека „црвените ѓаволи“ претпочитаат перманентен трансфер, но премалиот интерес за овој фудбалер може да ги натера да го променат планот, па повторно да дадат зелено светло за позајмица.