СВЕТ
Трамвај излета од шините и се заби во пицерија, седуммина повредени

Седум лица се повредени кога утрово трамвај излетал од шините и се забил во пицерија во југозападниот шведски град Гетеборг.
На местото на несреќата пристигнале полициски екипи, екипи на брза помош и спасувачки екипи.
Според полицијата во Гетеборг, меѓу повредените е и возачот на трамвајот.