На високите летни температури жителите на тетовската населба „146“ немаат вода за пиење
На високите летни температури жителите на тетовската населба „146“ немаат вода за пиење

Жителите од населбата 146 во Тетово повеќе од две децении страдаат за вода за пиење. Тие велат дека водата полнат од чешма во долниот дел на населбата или купуваат од продавница. Работите сза водоснабдување се започнати, но жителите бараат забрзување на постапката, бидејќи состојбата е неподнослива.
„Имаме вода, но матна вода. Еден час подоцна нема вода. Замислете како сме на овие температури. Се надеваме дека ќе ни донесат вода затоа што ни ветија, но не знаеме дали ќе се случи или не. Тие ги почнаа работите, но не знам дали ќе продолжат или не. Но сепак ни ветија дека ќе ни донесат вода”, рече еден жител.
„Населбата нема вода за пиење, полниме цистерни од бунари и така се мачиме веќе 25 години. Велат дека работат и се обидуваат да ја снабдат населбата со вода за пиење. Имаме ветувања веќе 25 години, но сите структури постојано не лажат„, додаде друг.
Првиот човек на општина Тетово Билал Касами рече дека работите се почнати, но поради непристапниот терен работите бавно напредуваат.
„Интензивно се работи. Во моментов во општина Тетово се реализираат над пет проекти. Во оваа ситуација не водиме кампања, па ако сакате заедно да излеземе и да видиме како се прават работите, но теренот е многу непристапен и работите не се одвиваат како што сакаме“, рече Билал Касами.
Покрај недостигот на вода за пиење, дел од куќите во оваа населба се соочуваат и со проблем со легализирање на своите домови, бидејќи голем дел од нив, поточно околу 60 отсто се изградени на земјиште кое припаѓа на Исламската верска заедница./Алсат.мк
Башким Сулејмани