ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алсат дојде до предлог законот за правична застапеност

Алсат дојде до предлог законот за правична застапеност

AЛСАТ ексклузивно го обезбеди предлог законот за правична и соодветна застапеност, кој според нашите информации се очекува да биде на маса за одобрување во Владата веќе следниот вторник. Законот, за прв пат, како правен поим, го подигнува уставното начело за правична застапеност на ниво на закон. Со ова, тој го заменува Балансерот како механизам, укинат од Уставниот суд минатата година. Целта на законот е да го регулира почитувањето, унапредувањето и следењето на соодветна и правична застапеност на заедниците на сите нивоа на власта.

Advertisements

Духот на законот се заснова на амандманот VI од Уставот и ги обврзува институциите да се грижат за почитување на застапеноста на заедниците во институциите, да нема дискриминација на граѓаните и да водат сметка за професионалната подготовка, компетентност, интегритет, транспарентност и инклузивност.

Со цел да се избегне обврската издадена од Уставниот суд да не ги обврзува граѓаните да се изјаснат за својата етничка застапеност, законот предвидува изјаснувањето за етничката припадност да остане по волја на самиот граѓанин. Алсат дознава дека врз основа на јазикот на личната карта, другите дополнителни документи, како и вкрстувањето на информациите од личните податоци на кандидатот, ќе се утврди неговата етничка припадност при конкурирање за работното место.

За вработување на етникумите, институциите ќе земат податоци од последниот попис. Доколку во некоја институција има мал број на застапеност на некоја од заедниците, тогаш законот дозволува таа заедница да се третира со посебно внимание и преференција и со тоа, не се дискриминираат другите заедници, бидејќи тоа е во насока на исполнување на уставниот принцип.

Спроведувањето на идниот закон ќе го следи тело формирано од Владата, кое ќе ги анализира и изготвува извештаите и препораките во случај на непочитување на некоја од одредбите.

Во законот и покрај тоа што не постои казнен диспозитив во случај на неспроведување, еден од предложените членови и дава сила на Комисијата за антидискриминација како набљудувач на владиното координативно тело за одлуките донесени во врска со вработувањето. Во законот е наведено дека со координативното тело ќе раководи еден од вицепремиерите, но без да се каже таксативно етничката припадност на вицепремиерот. Во структурата на координативното тело, покрај вицепремиерот, влегуваат и министрите, Агенцијата за административни службеници, претставник од Народниот правобранител, еден од Комисијата за заштита од дискриминација и еден претставник од академската заедница.

Во рок од шест месеци по влегувањето во сила, ќе бидат донесени и подзаконските акти за прецизирање на соодветната имплементација. Се очекува да се види тежината на подзаконските акти и регулирањето на конкретни случаи преку нив. Во меѓувреме, во истиот 6-месечен период, Владата ќе ги провери сите закони поврзани со правична и соодветна застапеност. Сепак, за да се дојде до тука, законот мора да помине низ филтерот на Венецијанската комисија, веднаш штом владата ќе го испрати со приоритет. По добивањето на мислењето од Венецијанската комисија, во случај да нема приговор, законот ќе биде испратен до Собранието на одобрување. Преку оваа форма, Владата ја остави можноста фазата на измена и дополнување на законот и јавната расправа да се однесуваат на ефикасноста на законот и неговата политизација./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button