Алиу: Министерството обезбедило 300 паркинг места во комплексот „Лимак“ за вработените во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје
Алиу: Министерството обезбедило 300 паркинг места во комплексот „Лимак“ за вработените во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје

Министерот за здравство Азир Алиу денеска објави дека Министерството обезбедило 300 паркинг места во комплексот „Лимак“ за вработените во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, со што се дава одговор на еден од најгорливите проблеми во најголемиот здравствен комплекс во државата. Тој додаде дека овој паркинг простор се наоѓа на приближно пет минути пешачење од која било клиника и дека ќе биде ставен во функција од 1 јули.Според министерот, во комплексот во моментов се мапирани 700 места за паркирање, а дневно има 2 500 возила. Тој информираше дека во тек е поставување информативни дигитални табли на влезовите во Клиничкиот центар, како и на клучните точки низ комплексот преку кои граѓаните полесно ќе ги наоѓаат клиниките и здравствените институции.
„Од 1 јули, овој паркинг ќе биде функционален. Се наоѓа на околу пет минути пешачење од секоја клиника. На овој начин, директно одговараме на еден од најитните проблеми – секојдневниот хаос со паркирањето во најголемиот здравствен комплекс во земјата. Со преместување на автомобилите на вработените од срцето на кампусот, ги ослободуваме најблиските места за пациентите. Конечно, тие нема да мора да се справуваат со сообраќајни проблеми и да губат трпение”, рече Азир Алиу, министер за здравство.