ГОРСКА ВОДА: ВЕТЕР ВО ГРБ ЗА МЛАДИТЕ И СПОРТОТ

Скопје оваа година станува мост на единството што обединува многу спортови, култури и настани. По 33 пат се одржува Европскиот Младински Олимписки Фестивал, а Скопје и Куманово ја добија честа да бидат домаќини.
Како дел од овој голем настан стои и Горска вода. Горска и Македонскиот Олимписки комитет се долгогодишни партнери и гордо се грижат за младите и спортот. Водата е од суштинско значење кога станува збор за спортувањето, па затоа еден ваков настан не може да се замисли без Горска.
Со заедничка енергија и дух се ита кон нови победи. Од Горска нè потсетуваат дека ЕМОФ не е само фестивал, туку движење, енергија, простор во кој се соединуваат иновацијата и традицијата, а најголемата есенција во сето ова отсекогаш била водата.
На ЕМОФ годинава ќе учествуваат атлети од 14 до 18 години кои ќе продолжат да ја создаваат 33-годишната историја со нови уникатни моменти. Додека младите спортисти се подготвуваат за овој значаен настан што започнува од 20 јули, Горска вода продолжува да им биде ветер во грб!