ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Одложено судењето против Јово Вангеловски

Судењето против поранешниот претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски повторно се одложи. Причина е отсуството на судијата која го суди случајот. Вангеловски е обвинет за злоупотреба на службената положба или поради тоа што не ѝ исплатил додатоци на плата на судијката Лидија Неделкова. Откако на претходните рочишта, Вангеловски упорно ги избегнуваше медиумите, денеска ги повика во судница, за јавноста да види како се однесувала Неделкова. Венгеловски одби да зборува дали неговото разрешување од прв човек на Врховен и од судија е дел од прочистувањето на судството од корумпирани судии. Тој беше разрешен оти заедно со уште двајца врховни судии му го укинаа притворот на бизнисменот Сеад Кочан, иако беше во бегство.

Advertisements

„Вие сите знаете дека против Неделкова се води постапка во Судскиот совет. Основот за поведување на таа постапка е токму причината поради која нејзе не и се исплатени додатоци на плата. Во кратки црти, ако било кој од вас отсуствува неоправдано од работа три последователни дена, сигурен сум дека веднаш ќе добие отказ. Во случајот, постапката за нејзино разрешување е токму поради тоа“, рече Вангеловски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button